mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Рудните јами може да не` спасат од поплави

Рудните јами може да не` спасат од поплави

Типографија

Искористување на одредени рудни јами како превентивни езера е едно од можните решенија за справување со поплава.

Ова го истакна земјоделскиот инженер Аври Ливни вработен во Палге Мајн од Израел на конференцијата која се одржува во Скопскиот саем, за превенција на идни штети од поплави во урбаните средини преку имплементација на израелската експертиза.

  • За почетокот на полавите, односно за водни стихии кои според статистиката се случуваат во период од 500 и повеќе години, многу малку може да се стори за да се превенира, меѓутоа за позачестените како на пример на секои 100 години водени стихии за кои има повеќе евиденција може да се направат одредени работи кои што ќе ја подобрат во голема мера ситуацијата. Во овој момент се размислува дека овде може да се искористат постоењето на одредени рудни јами како превентивни езера во кои би ја сопрале водената стихијата и би нашле инженерско решение потоа водата помирно да продолжи да се движи - истакна Ливни.

Според него, за поголемите и пообемни води не е решение изградбата на дренажни канали, бидејќи, како што рече, не се покажуваат како најсовремени решенија.

За Ран Вајсмен, инженер за води од Израел начинот на работата со водата треба да биде холистички.

  • Ние ја третираме водата онака како шти ја третира природата, како еден циклус кој не може да се подели само како одвод и довод или третман на атмосферска вода и канализациска вода или на пречистување. Една поплава може да го наруши целокупниот еколошки систем, а секоја секоја претерана количина на вода, исто така, значи неискористен ресурс - истакна Вајсмен.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS